| четврток, 6 декември 2018 |

Ја фрли швалерката на сопругот во провалија (ВИДЕО)

Ќотекот кој Сандра Бруну Моралес го изеде од сопругата на нејзиниот љубовник не беше доволна одмазда. Лутата Лисет Лупо Мамани од Арекипе во Перу ја грабнала за коса младата швалерка и ја фрлила во провалија.

Сопругата долго време се сомневала дека Ренцо Занабриј Хуенко, со кој има четири деца,  ја изневерува, а доказот за тоа го добила која го следела и затекнала со љубовницата.

Камерите забележале како таа ја напаѓа љубовницата, додека прељубникот бега пред налетот на нејзиниот бес.

Среќа во несреќа, височината од која беше фрлена Сандра била длабока „само“ шест и пол метри, па таа помина само со гребаници и модринки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top