| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете како Путин и Лукашенко го испробаа теренот за хокеј во Сочи (видео)

Во ревијален хокеарски натпревар кој треба да послужи за инаугурација на салата за хокеј на мраз во Сочи, настапи рускиот претсетдател Владимир Путин, а поддршка му даде неизбежниот Александар Лукашенко, претседател на Белорусија, објави порталот „Дерби“.

Според штурите информации, нивната екипа во која биле Павел Буре и Вјечислав Фетисов победила со 12:3, при што противници на теренот им биле поранешни светски и олимписки прваци како Ирек Гимаев, Александар Јакушев, Николај Макаров и други. Русија е домаќин на Зимските олимписки игри во Сочи од 7 до 23 февруари 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top