| четврток, 6 декември 2018 |

Две години ја чешале очите: На трепките имала повеќе од 100 вошки (Видео)

Средновечна Кинеска ги згрозила лекарите во земјата со најголема популација во светот. Иако мислеле дека виделе сѐ, лекарите се излажале – оваа жена им покажала како изгледаат 100 вошки на трепките.

Госпоѓата Ксу имала проблем со чешање и црвенило на очите две години и наместо веднаш да се јави на доктор, трпела чешање на кое се навикнала со тек на време.

Нејзината здравствена состојба се влошувала, а на нејзините трепки имало толку многу вошки и јајца што не можела да ги мрдне очните капаци.

Ксу им признала на докторите дека користела една испа перница која ја не ја испрала од 2015 година. Лекарите констатирале дека нечистата перница и нехигиена во собата во која живеела довеле до коњуктивитис.

За среќа, после третманите, госпоѓата Ксу потполно се опоравила. Вошките се паразити кои се хранат со крв и се наоѓаат обично во коса, на лице, во нос и како во случајот на оваа кинескиња, на трепките. Обично тие лесно се чистат, но ако долго се наоѓаа на телото, можат да предизвикат опасни инфекции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top