| четврток, 6 декември 2018 |

Белградската елка поскапа од онаа во Њујорк (видео)

Новогодишната елка во Белград е најскапото дрво на светот. Ова 18 метарското вештачко дрво чини 83.000 евра, објавија локалните медиуми.

Откако синоќа блесна раскошното растение осветлувајќи ја српската престолнина очите на целиот свет беа вперени токму таму.

Градоначалникот на Белград, Синиша Мали го откажа договорот со компанијата „Кип лајт“ за елката, откако беше откриено дека таа чини илјадници евра. Компанијата сепак се одлучи елката да ја подари на градот Белград.

Српските медиуми пренесуваа за револтот на граѓаните и опозицијата околу енормно високата цена на елката и споредуваа дека е двојно поскапа од грандиозната елка која што се наоѓа пред центарот Рокфелер во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top