Христијаните католици денеска го одбележуваат Раѓањето Христово-Божик. На свечена миса во Католичката црква „Срце Исусово“ во Скопје присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски придружуван со својата сопруга.
Мицкоски по повод најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик, упати и честитка до католичките и протестантските верници во Македонија.
– Ви посакувам многу пријатни празнични мигови, среќа и благосостојба во Вашите домови. Нека Рождеството Христово роди нова надеж во Вас, нека донесе светлост во Вашите домови и многу радост, среќа и здравје на Вас и Вашите најблиски. Славењето на Рожденството Христово значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божиќ е празник на семејството. Божиќната радост треба да биде споделени со најмилите и најблиските. Божиќ учи на солидарност, да споделуваме и да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно. Божиќ учи да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и луѓето кои не ни се блиски. Толеранцијата и почитувањето е темел на Христијанството, стои во честитката од Мицкоски до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.
– Во овие моменти најмногу ни требаат овие вредности. И кога добрината е нападната од нечесност, во времиња кога притисоците и одмаздата стануваат основна детерминанта во општеството, а стравот кај луѓето главно чувство, да не заборавиме на разумот и мудроста. Да не заборавиме дека времето потрошено на омраза, значи помалку време за добрини и напредок. Дозволете ми уште еднаш до сите верници кои го слават католичкиот Божиќ да го честитам овој голем празник. Ви ги упатувам моите најсрдечни поздрави. Ви посакувам многу мир и спокој. Нека Бог го осветли Вашиот пат. Нека донесе многу радост во вашите домови.
Исто така Мицкоски го честита Божиќ на верниците од Евангелско-протестантските цркви во Република Македонија, со желби за радост, љубов и среќа во нивните домови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)