
Фабио Капело, познатиот италијански фудбалски стратег и поранешен шеф на стручниот штаб на Јувентус, во интервјуто за „Скај Италија“ откри детали за доаѓањето на Ибрахимовиќ во Јувентус.
– Јувентус тогаш направи одлична зделка, го доведе Ибрахимовиќ за 16 милиони евра во четири рати. Во Ајакс проценија дека подобро за нив е да го задржат Мидо, со оглед на карактерот на Ибрахимовиќ. Нормално, тој правеше проблеми и во Јувентус, но спортскиот директор Лучиано Моџи го доведе во ред, вели Капело.
– Кога дојде во Јувентус, тој не знаеше да шутира. Неговиот менаџер Мино Риаола ми рече дека Ибрахимовиќ им ги крши рацете на голманите, а единствено што успеа да искрши се прозорците во теретаната, меѓутоа тој секојдневно тренираше на својот шут и стана тоа што е денес, додава италијанскиот фудбалски стратег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


