| четврток, 6 декември 2018 |

Лошите луѓе се обидоа да не скршат: Раста го прекрши ветувањето дадено на Тара!

Најголемата визуелна промена во оваа година секако  е онаа која ја направи Стефан Ѓуриќ Раста кога ги отсече суканиците и тоа баш оној ден кога се роди неговата ќерка Тара.

Како што тогаш рече оваа драстична промена на препознатливиот имиџ не била ниту малку случајна.

-Се ошишав поради мојата Тара. Од утринава сум друг човек Решив целосно да се променам. Решив да се соживеам со неа и заедно да пуштаме коса и оној момент кога ќе имаме суканици, ќе ги имаме заедно – рече тогаш Раста.

Меѓутоа изгледа тој заборави на даденото ветување, така што на публиката повторно и се претстави во старото издание, со очигледно надградени нови суканици.

-Лошите луѓе се обидоа да не скршат. Победувавме секој пат. Затоа денеска сум послаб за 15 килограми од вашите глупости, свеж, посилен од било кога, нови победи, бидејќи само неботото е граница. Повторно со вас Јас и Јас!Љубов за семејството. Љубов за мојот ангел – порача Раста по социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top