Откако на бината на заедничкиот концерт во Македонија страсно се бакнаа, пејачката Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ Раста ги потврдија пишувањата дека се смириле. Тие и откриваат како дошло до тоа.
-Направивме одличен концерт во Македонија, а на сите главно прашање им е дали Стефан и јас сме во брак или не. Како што се огласив кога бевме во проблем, така нема да молчам ни сега. Тогаш ја зборував вистината, па и сега ќе ја кажам: Стефан и јас сме официјално разведени, не сме во брак, пред законот не сме маж и жена. Меѓутоа љубовта која ја чувствуваме не врзува повеќе од било каква хартија и закон. Ги надминавме проблемите кои ги имавме, продолживме таму каде што застанавме. Уживавме во првиот заеднички концерт по моето породување, уживаме во секој ден со Тара, во секој наш заеднички момент – рекла Ана, додека Раста бил штур на зборови.
-Не сакам многу да зборувам за приватниот живот. Она што можам да го кажам е дека и ние, како и сите други луѓе сме од крв и месо. Ги проживуваме сите моменти, и убавите и помалку убавите. Преживеавме разни осудувања и сега сме посилни од било кога – рекол раперот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цело време лажел: Ќерка на српски фолкер го растурила бракот на Раста и Ана?
-
Немој да се силиш, или ќе те иселиме од станот: Ана Севиќ добила брутални закани од лихвари!
-
Барал од адвокатите да му донесат документи за развод: Дарко и Ана се разведуваат во болница!
-
Швајни доби награда, но ѕвезда на вечерта беше неговата сопруга!