| четврток, 6 декември 2018 |

Нема никој под 2 000 евра: Косовските функционери си ги дуплираа платите

Владата на Косово донесе одлука да ги зголеми платите на премиерот, вицепремиерите, министрите, како и на другите високи функционери. Според новата одлука, бруто платата на премиерот која досега изнесуваше околку 1.500 евра, новата плата на Рамуш Харадинај ќе изнесува 2.950 евра.

Замениците-премиери ќе земаат бруто плата во висина од 2.500, а министрите по 2.000 евра.

Исто така, покачени плати добија и некои државни службеници, судии и обвинители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top