Научниците пронашле микропластика во школките од европскиот Арктик па се до Кина, што укажува на глобалното загадување на океаните со пластика, која лесно може да се најде на вашите чинии.
Школките во навидум совршено чистите арктички води во себе имале најмногу пластика од било кои други тестирани на норвешкиот брег, велат резултатите од истражувањето кое овој месец го објавил Норвешкиот институт за истражување на квалитетот на водата.
Школките во навидум совршено чистите арктички води во себе имале најмногу пластика од било кои други тестирани на норвешкиот брег, велат резултатите од истражувањето кое овој месец го објавил Норвешкиот институт за истражување на квалитетот на водата.
-Пластиката до северот можеби ја донеле океанските струи и ветрови од Европа и Америка, па таа на крајот кружи во Арктичкиот океан, вели научничката на NIVA, Ејми Лишер и додала дека кога и да истражувале и барале научниците, секогаш наоѓале микропластика кај школките.
Досегашните истражувања откриле дека микропластика има во водите на Кина, Чиле, Канада, Велика Британија, Белгија и други. Во норвешките води, школките во просек имале 1,8 парчиња микропластика, а на Арктикот 4,3 парчиња.
Минатата година, кинеските научници предупредувале дека школките би можеле да бидат глобален биоиндикатор на загадувањето со микропластика, бидејќи живеат на морксото дно, каде завршува добар дел од пластиката.
Влијанието на микропластиката на морските животни и луѓето уште не е утврдено со сигурност. Научниците сметаат дека е ризично единствено доколку се изедат големи количини на школки.
-Ова е предупредување дека мора да направиме нешто да се намали пластиката во океаните”, рекол експертот за микропластика Ричард Томпсон, професор на Универзитетот во Плимут.
Речиси 200 нации ја потпишале резолуцијата на ОН за елиминација на загадувањето на морето од пластика, од шишиња до кеси и амбалажи. Се проценува дека во морињата секоја година завршуваат 8 милиони тони пластичен отпад.
Истражувањата на Томпсон покажале дека големите количини на пластика на морското дно можат да бидат штетни за животните кои таму живеат и дека пластиката може да им се собира во ткивата. Пластиката едноставно минува низ цревата на живите суштества.
Томпсон рекол дека изложеноста на човекот на микропластиката во рибите и плодовите веројатна е помала од таа која потекнува од другите пластики во секојдневна употреба, од играчки до синтетички јакни. Кина и ЕУ се најголеми произведувачи на школки, а вредноста на таа трговија се проценува на три милиони долари.
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)