Кршењето на правата на пешаците и ограничувањето на нивното движење изгледа најмногу се практикува пред Министерството за правда, каде денеска министерот беше опоменат за паркираното службено возило на тротоар. Но, тоа не е се. Пешаците, велосипедисти, родители со бебиња со колички и лица со инвалидитет беа повторно спречени да поминат оттука денеска. На истиот тротоар беа паркирани возила за достава на роба во локалот веднаш до Министерството за правда и поради нив лице со инвалидитет не можеше да се движи по тротоарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.