| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од населбата Аеродром утре без вода

Корисниците од улицата „1615“ во општина Аеродром утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување на водоводен приклучок со пречник од 150 милиметри на улицата „1615“ бр.4 (Новопроектирана) во населба Аеродром.

Корисниците ќе бидат без вода за пиење се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со работата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top