Траги од крв сеуште сведочат за крвавиот инцидент кој се случи вчеравечер во скопската населба Чаир кога од возило беше пукано врз 24 годишно момче. Полицијата приведе три лица по крвавата ноќ.
Оттаму не потврдуваат дали меѓу приведените е и убиецот. Во населбата Топаaна пронајден е автомобилот од кој од кој било извршено свирепото убиство. Министерот Спасовски вели дека полицијата работи на расветлување на инцидентот.
Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото. Во текот на следните неколку дена трагите кои беа подигнати од лице место ќе бидат предмет на обработка.
„Издадена е наредба за обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Скопје работи на утврдување на фактите во кривично правниот настан.“ – велат оттаму.
Младиот Б.И. веднаш бил пренесен во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Ургентниот центар. И по 45-минутна реанимација лекарската борба да се спаси животот на младото момче завршила безуспешно.
Граѓаните во страв и паника, велат дека се уплашени од она што се случува во населбата Чаир. Пред камера не сакаа да зборуваат. Ова е второ убиство во истата населба кога на сличен начин беше убиен Исмет Арифи. Од МВР велат дека се работи на расветлување на убиствата.
извор: 24vesti.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка