| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе организира протестен конвој од автомобили по скопските улици (видео)

Наместо протест, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе организира протестен конвој од автомобили кој ќе се движи по скопските улици.

Движењето на возилата ќе почне кај спортската сала „Јане Сандански“, а колоната ќе се движи кон Железничката станица, пред зградата на Црвениот крст и Рекорд, по што ќе продолжи по булеварите „Св. Климент Охридски“ и „Партизанска“, улицата „Рузвелтова“, булеварот Илинден, во Влада а крајна цел на конвојот автомобили е Кривичниот суд..

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на овој начин сакаат да дадат поддршка на обвинетите од собраниските настани на 27 април.. Партијата денеска реагираше и на условите во кои престојуваат притворените, обвинуваат за нехуман третман на затворските службеници и несоодветна здравствена заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top