| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовка во полиција пријавила гастарбајтер зашто не ја зел за жена

razocarana nevesta

Триесетгодишната Ќ.Ф. вчера побарала помош од полицијата откако сфатила дека 38-годишниот А.Ш. од тетовско Добарце, привремено вработен во странство, кој ѝ ветил брак, но не се оженил со неа.

Според нејзиното кажување, тој ѝ ветил дека ќе се ожени со неа, а во меѓувреме од неа зел 3.600 евра. Парите, наводно, ѝ ги побарал за да купел возило со кое сакал да дојде во Тетово и да ја земе. Во меѓувреме, Ќ.Ф. дознала дека А.Ш. веќе бил оженет и дека ја измамил за да ѝ ги земе парите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top