| четврток, 6 декември 2018 |

Се апсат полицајци и цариници на српско-бугарската граница

На српско-бугарскиот граничен премин Градина, во рамки на голема операција, упасени се припадници на српското Министерство за внатрешни работи и лица за кои постои сомнеж дека вршеле поткуп.

Според неофицијални информации на „Блиц“, акцијата била спроведена по налог на Обвинителството за организиран криминал во соработка со српскиот Сектор за внатрешна котрола. Претходно биле следени осомничените лица.

Поради операцијата граничниот премин е времено затворен.

Засега се уапсени шест полициски службеници од станицата за гранична полиција Градина, 12 царински службеници од царината Димитровград, како и уште 13 лица за кои постои сомнеж дека извршиле кривично дело криминално здружување, како и примање на мито, вршење поткуп и злоупотреба на службената должност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top