Американската крајбрежна стража пронајде 1.8 тони кокаин во Пацификот, спакуван во пакети кои слободно лебделе по океанот. Вредноста се проценува на повеќе од 50 милиони долари. Пакетите меѓусебно биле врзани со јаже, а меѓу нив се заплеткала и една желка, пишува Дејли Мејл. Екипажот на патролниот брод ги пресекол јажињата и ја ослободил желката. Пратката е најдена во рамките на операцијата „Мартиљо“, која крајбрежната стража ја спроведува на источниот Пацифик со цел пресекување на кокаинските трговски рути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)