Приказната за Влаерија, малото девојче од Штип кое беше дијагностицирано со тумор на мозокот брзо оддекна во јавноста. На неа и беше потребна финансиска помош бидејќи нејзиното семејство не беше во можност да ја плати операцијата во Истанбул.
Валерија за многу кратко време успеа да ги обедини сите. Го отвори срцата на сите хумани луѓе и сумата многу брзо се собра. Откако ги собраа парите тие веднаш заминаа во Истанбул каде беше оперирана.
На голема радост на сите нас, Валерија денес е добро, операцијата помина во најдобар ред, а таа заедно со своето семејство се сеуште во Истанбул каде што закрепнува.
Одтаму ни испрати поздрав на сите во знак на блогодарност за хуманоста.
„Чао штипјани, чао Македонијо. Многу ве сакам, сè е добро тука, шетам. Многу ве сакам, поздрав, чао“ – вели таа во видео објавено од нејзиниот татко, Зафир Зафировски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


