| четврток, 6 декември 2018 |

Мртвата елка симбол на предбожиќната агонија во Рим (ФОТО+ВИДЕО)

Најгрдиот Божиќ во Рим. Жителите на вечниот град можеби ги поминуваат најлошите денови во поновата историја, а најавиле дека правдата за ова невидено страдање ќе ќе ја бараат на суд. Неколку граѓански здруженија веќе покренаа и истрага за потрошените пари на граѓаните. Причина за оваа предбожикна агонија е одвратната новогодишна елка, за која градските власти платиле неверојатни
50 илјади евра без јавен тендер, односно трипати повеќе отколку лани.


Божиќната елка е смрека висока 21 метар, а римјани ја нарекоа „мртва елка“. Иако не ги освои срцата на жителите на Рим, мртвата елка успеа да собере толку многу погрни имиња колку што не ѝ успеало на ниту една елка досега. Освен мртва, елката во Рим ја нарекуваат и тоалетна четка, а веќе има и своја фан страница „имам повеќе следбеници на Твитер отколку гранки“.


Од елката паднале игличките две недели откако била поставена на плоштадот „Пјаца Венеција“ .

„Новогодишното дрво во Рим е овенато. Тоа е метафора за главниот град на земјата“, напишал еден жител на „Твитер“, додека друг прашал: „Кога почнува погребот?“

Се зборува дека дрвото не било соодветно заштитено за време на транспортот од Доломитите во северниот дел на Италија, како и дека за транспортот биле потрошени 50.000 евра.

Рим во последните години е во лоша состојба, има дупки на улиците, купишта ѓубре и несредени паркови, на што се пожали и папата Франциско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top