| четврток, 6 декември 2018 |

Косово отвора канцеларија за врски во Атина

Косово наскоро ќе отвори канцеларија за врски во Грција, а за таа цел во последно време се зголемени контактите меѓу Приштина и Атина, пишуваат грчките медиуми повикувајќи се на дипломатски извори, пренесува shqip.republika.mk.

Грција е единствената земја во регионот која сѐ уште не ја признала независноста на Косово. Според истите извори, делегација на Министерството за надворешни работи на Косово на 10 јуни остварила средба во Атина, каде што се разговарало за детали околу работата на канцеларијата. Отворањето на канцеларија на Косово во Атина го потврди и секретарот на канцеларијата на Грција во Косово, амбасадорот Димитрис Мосчопоулос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top