Цело четиричлено семејство од Аризона менува пол и се декларира како трансродово, таткото, мајката и нејзините две деца, ќерка и син.
Даниел Херот (41), биолошкиот родител на двете деца, бил роден како жена, но сега е машко. Ќерката и синот ито така тврдат дека се родени во „погрешен“ пол. Нивниот друг родител, Ширли Остин 62), пак е родена како машко, а сега е жена. Ширли и Даниел се верени.
– Целото семејство е во транзиција. Тоа е како повторно да се родиш, па да живееш за прв пат. И моите деца полека стануваат она што отсекогаш сакале да бидат, вели Даниел.
Нивниот син, 11-годишниот Мејсон, бил роден пак како женско, додека ќерката која сега има 13 години исто така го променила полот, па сега е Џошуа.
Даниел Херот вели дека поголемиот дел од својот живот живеел како жена, но никогаш во тој пол не се чувствувал пријатно. Бил во брак, родил две деца, но сепак вели дека и покрај тоа не се почувствувал како жена.
– Конечно признав кога видов дека и моите деца минуваат низ истите проблеми. Знам дека тоа што го велат е вистина бидејќи јас го чувствував сосема истото, вели Даниел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.