| четврток, 6 декември 2018 |

Воспитувачка во градинка ги тепа и клоца децата (видео)

Шокантна снимка на која се гледа како воспитувачка малтретира девојчиња. Таа им удира шлаканици, ги клоца, ги турка и цело време вика на нив, а како што може да се забележи на снимката, длабоко, во позадината се гледаат и возрасни луѓе, кои тоа го набљудуваат.

Во прилог на ова видео, стои повикот да се споделува снимката, бидејќи се уште не е лоцирано во која градинка се случува малтретирањеto.

Неодамна, исто така во Турција, беше објавено видео снимено од таткото кој се посомневал дека неговата сопруга ја малтретира нивната ќерка откако тој ќе отиде на работа. Тој секој ден ја наоѓал потоа својата ќерка со модринки. Видеото покажа дека мајката за банални работи, по цел ден ја тепа и малтретира својата мала ќеркичка.

Според датумот, видеото е направено во 2016 година, но дури сега е објавено во јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top