| четврток, 6 декември 2018 |

Тату мајстор има одлично решение за стрии (ВИДЕО)

Сите ние кои имаме стрии, многу добро знаеме дека за нив нема лек. Нема крема ниту масажа која може во целост да ги отстрани, но еден бразилски тату мајстор нашол решение за овие иритирачки лузни на кожата.

Радолфо Торес од Сао Паоло нашол наичин како да ги усреќи сите мажи и жени кои со години се обидуваат да ги отстранат стриите. На Инстаграм објави видео во кое го презентира своето решение.

Тату мајсторот не е магионичар и нема да ги отстрани стриите, туку ќе ги замаскира така што воопшто нема да се гледаат. Радолфо ја пополнува пукнатината на кожата со боја која е приближна на нијансата на кожата на клиентот и резултатот веднаш се гледа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top