Премиерот Заев лично ќе го води Советот за реформи во јавната администрација кој ќе има задача да работи на подобрување на законската регулатива како и на пронаоѓање на сите слабости во оваа област за која досега имаше бројни забелешки и во извештаите на меѓународните институции. Овој потег доаѓа по критиките на адреса на премиерот Заев дека недоволно учествува во носењето на одлуки за реформи на домашна сцена.
Претходно дојде до голем број на проблеми со Советот за реформи во правосудството особено што дел од експертите и професорите по право се разидоа со мислењата и методите на работа со припадници од Министерството за правда.
Повеќе детали за начинот на кој ќе работи Советот за реформи во јавната администрација очекуваме наскоро, но изјавите на Заев уште од пред да дојде на власт даваат јасна слика за тоа што може да се очекува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)