Саудискиот принц Мохамед бин Салман, ја купи најскапата куќа на светот за 300 милиони долари. Салман го купил замокот на Луј XIV, кој има 4.645 квадратни метри, објави „Њујорк тајмс“. Принцот имотот го купил во 2015 година, а покрај тоа набавил и јахта од 500 милиони и слика од Леонардо да Винчи за 450 милиони долари.
Принцот замокот го купил од многубројни компании во Франција и Луксембург, кои се во сопственост на Eight Investment Company, саудискиот инвестициски фонд кој го основал Салман.
Замокот Луј XIV е урнат во 2009 година и на истото место е подигнато модерното здание.
Принцот на располагање во имотот има вински подрум, кино, 10 спални соби, базени, две балски сали, ноќен клуб, а сите светла, фонтани и клима ги контролира преку својот „ајфон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)