Братот на фудбалската легенда Роналдињо во текот на викендот претрпел срцев удар.
Имено, 46 годишниот Роберто Де Асис Мореира добил срцев удар за време на викендот. Во овие моменти тој се наоѓа во болницата во Порто Алегре и за среќа е во стабилна состојба.
Роберто Де Асис исто така имаше и фудбалска кариера, но далеку послаба од онаа на неговиот помал брат. Тој настапуваше за тимови како Спортинг Лисабон, Гремио, Васко Де Гама, Коринтијас, Монпеље… Покрај тоа успеа да собере и девет настап за младинските селекции на Бразил.
Тој исто така е сопственик и клуб од Порто Алегре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


