| четврток, 6 декември 2018 |

Седум години затвор за девојче кое тепа војници (видео)

Израелската армија денеска ја уапси тинејџерката , која удираше Израелски војници. На видеото снимено во петкот се гледа како две девојчиња , Палестинки им приоѓаат на двајца Израелски војници, а потоа се караат со нив и ги удираат со тупаници. Вооружените војници не одговараат на провокациите , а потоа си заминуваат. Видеото за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика спротивставени реакции од Палестинците и од Израелците.

Инцидентот се случил во близина на куќата на тинејџеката , 17 – годишната Ахед Тамими , во селото Наби Салех на Западниот Брег. Утрово Израелската армија упадна во куќата на девојчето и ја уапси.

Биле запленети и телефоните , компјутерите и сите електрични уреди . Семејството Тамими е познато по организирање анти- израелски протести на Западниот брег , а сликата на девојчето за само неколку дена стана симбол на отпорот.

Израелскиот министер Јизраел Кац изјавил дека ,,зоврел од бес“ кога го видел видеото, но и дека војниците постапиле исправно. Тамими се соочува со казна затѕовр од седум години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top