Специјалното јавно обвинителство работи надвор од закон.Катица Јанева и нејзините обвинители единствено што почитуваат се политичките нарачки од хунтата на Зоран Заев за пресметка со неистомислениците – велат ВМРО-ДПМНЕ на нивната денешна пресконференција.
Дарко Костовски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави:
Со денешниот прес, Катица Јанева и нејзините соработници потврдија дека се слепи извршители на желбите на Зоран Заев и СДС во обидите да се замолкне секој што мисли поинаку и што може да се спротистави на антидржавните политики кои во моментов се реализираат.
Само за потсетување, во моментов државната изборна комисија е во оставка, а Зоран Заев најавува промена на името во исто време кога од Грција доаѓаат најави за предлозите кои ги давал Заев, но и за проширување на опсегот на употребата на новото име.
Во вакви околности кога практично не постои институција која би го реализира евентуалниот референдум за прашањето за името, СЈО по наредба на Зоран Заев тргнува во офанзива монтирајќи нови случаи, надвор од законските овластувања, против членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ во обид да ги заплаши и пасивизира. Единствената цел на СЈО е да му обезбеди на Заев поширока поддршка за политиките кои ги реализира на штета на државата.
Ваквото однесување на СЈО е кршење на Законот со кој е формирана таа институција и за тоа мора да има одговорност. Незаконското однесување ќе биде предмет на истрага во оној момент кога правосудните органи ќе се ослободат од притисоците на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)