| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО нетранспарентно троши милиони евра народни пари (видео)

Емисијата посветена на истражувачко новинарство КОД анализираше како Специјалното Јавно Обвинителство ги троши парите на граѓаните. Во анализата на КОД се дојде до фрапантни бројки и се истакна нетранспарентноста на буџетот на оваа институција.

Според КОД цели 60 проценти од буџетот на СЈО се трошат за договорни услуги и покрај големиот број на вработени во самата институција. СЈО одбива да даде детален буџет кои се надворешните соработници со кои соработува и колкави суми на пари тие добиваат со оправдување дека според законот овие договори се тајни. Изразени во средства СЈО троши повеќе од 2 милиони евра само за оваа ставка. Во споредба Основното Јавно Обвинителство нема издвоено ниту денар за ставката за договорни услуги.

Дополнително никој не знае колкава платата земаат вработените во СЈО, која сума ја земаат за надоместоци и патни трошоци и други средства како додаток, а според истражувањата некои од вработените преку менаџерски договори земаат плата која достигнува и до 3 илјади евра. Никој не знае кои суми се доделуваат како додатоци, а одговорот на СЈО до новинарите на КОД по ова прашање е дека додатоците се доделуваат согласно законот.

Расипничкото трошење на СЈО може да се забележи и во извештајот кој го доставува за потрошените пари до јавноста во кој може да се забележи дека за нов мебел се потрошени цели 800 илјади денари иако институцијата веќе постои неколку години. Оваа година СЈО требало да набави мебел во вредност од 5 илјади евра, но во декември одлуката е преиначена и сумата е зголемена за 13 илјади евра.

Оваа година во рекордно најголемиот буџет кој го имала некогаш Македонија , министерот Тевдовски го има зголемено и буџетот на СЈО кој ова година изнесува приближно 4 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top