| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварка заработи кривична: Не и дозволиле да го посети сопругот во затвор, па фрлила запалено шише во кантината

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишно лице од Гостивар за сторено кривично дело – предизвикување општа опасност.

На 9 јуни околу 17 часот во Скопје, на улица „Индира Ганди“, на пријавницата во Затвор – Скопје, откако на пријавената, поради тоа што немала дозвола од судија за претходна постапка, не и било дозволено да го посети нејзиниот сопруг што бил во притвор, таа почнала вербално да се расправа, по што си заминала.

Потоа се вратила, и преку оградата, кон затворската кантина од затворот, фрлила запалено шише од коешто се запалила вратата, дел од оградата и канта за ѓубре, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top