| четврток, 6 декември 2018 |

Вистинската зима допрва доаѓа: Температурите ќе одат до минус петнаесет степени

Температури длабоко под нула наутро најавуваат метеоролозите до крајот на оваа недела. Најстудено се очекува да биде во четврток кога во градовите температурите ќе одат и до минус 15, а дневните нема да надминат 1 степен.

Во Скопје се очекува слично време со температури од околу минус 10 наутро и 0 степени максимално во текот на денот.

Услови за врнежи од дожд и снег ќе се јават во сабота но тие ќе бидат локализирани.
Метеоролозите не исклучуваат снег да провејува и денеска, но тој исто така ќе биде од локален карактер и со слаб интензитет.

Слично време ќе имаме до крајот на годината. Не очекува релативно сончево време но и ниски температури и тоа помеѓу минус 10 наутро и 7 степени максимално во текот на денот.

Долгорочните прогнози велат дека новогодишната ноќ ќе биде сува но и релативно студена. Тогаш се очекуваат минимални температури околу минус 7 и максимални од 6 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top