Министерот за надворешни работи Никола Димитров запрашан дали смета дека изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека е во духот на добрососедството за тоа дека 70.000 Македонци кои добиле бугарски пасоши се Бугари, Димитрoв вели дека го нема видено нејзиниот коментар, а како одговор ја посочи потребата од што поскора интеграција во ЕУ.
– Вистинското решение како да се справиме со тоа што наши државјани аплицираат за пасоши на други земји, на земји членки е да ја зголемиме атрактивноста на македонскиот пасош. Вистински долгорочно решение како да се соочиме со овој предизвик е пасошот на РМ да стане пасош на земја членка на ЕУ. И затоа е многу важно да направиме се што можеме да ја искористиме шансата што се црта полека за 2018 година, рече кратко министерот Димитров.
Инаку бугарската потпретседателка Илијана Јотова вели дека во месец јануари ќе се направат измени во нивниот закон за побрзо земање на државјанство и дека сите кои имаат бугарски пасош се Бугари.
-Десет години бев известувач за Македонија во Европскиот парламент и десет години јас и Бугарската Делегација се боревме за правата на Бугарите во Македонија. И можам да ви ги цитирам неколкуте текстови кои сум ги запомнила дека сме се бореле за секој збор во тие текстови. Ако вие во Македонија ги следите најновите случувања ве уверувам дека во Бугарија тие се следат три пати повеќе со големо внимание. Станува збор за граѓаните со бугарска национална свест и во еден голем степен граѓани со бугарско државјанство. Јас не гледам дека вашите сонародници кои земале бугарски пасош само како на луѓе кои имаат еден формален документ. За мене тоа се луѓе кои имаат бугарски пасош се Бугари и тоа е најважно. А тоа што тие прават со тој пасош и каде ќе решат да живеат особено младите луѓе тоа е нивен сопствен избор. Тука станува збор за традиција, семејство, воспитување и во крајна сметка за перспектива и можности, вели бугарската потпретседателка Илијана Јотова.
Таа додава и дека со министерската за правосудство, нивните колеги и колегите од службите за безбедност, како и со народното собрание, во јануари месец ќе се направат измени во нивниот закон за да се забрза процесот за добивање на државјанство.
-Во тој поглед сакам да кажам некои бројки од 2001 година до сега 71.524 луѓе од Македонија се стекнале со бугарско државјанство, потенцира Јотова.
Инаку денеска на средбата со унгарскиот министер за надворешни работи Димитров срамно одби да одговори како ја коментира изјавата на Јотова дека е во духот на добрососедството за тоа дека 70.000 Македонци кои добиле бугарски пасоши се Бугари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)