Директорката на предшколската установа Сурчин, Тамара Родиќ (37) вчера е тешко повредена кога во неа пукал сопругот Душко Родиќ (37) околу 8 часот утрината на Нов Белград. Родиќ пукал во стомак на на сопругата после кавгата која ја имале, а потоа си пукал себеси во главата.
Како што дознава Блиц, оваа драма се одиграла пред зградата во која живееле, кога сопружниците тргнале на работа, а по Тамара дошле колегата и колешката со службен автомобил од градинката во Сурчин.
-Двајцата стоеја пред зградата и чекаа колегите да дојдат по Тамара. Се препираа за нешто на улица, а кога дојдоа нејзините колеги, Тамара влезе во автомобилот на совозачкото место. Не стигна да ја затвори вратата, кога сопругот и пријде и пукаше во неа три пати во стомакот и ногата – рекол изворот на Блиц.
Неколку секунди подоцна Душко си пукал во глава.
Мотивот на крвавата драма се уште не е познат, а полицијата вчера ги сослушала колегите на Тамара кои биле во возилото кога Душко пукал.
Како што неофицијално се дознава во ова семејство немало пријава за семејно насилство, а пиштолот од кој е пукано бил држен илегално.
Сепак познанците велат дека Тамара и Душко, кој бил богат, биле пред развод на бракот.
-Таа скаше да го остави и тоа веќе подолго време. Се уште немаа покренато парница, но тој тоа не можеше да го прифати и не сакаше да ја пушти – рекла познаничка на парот која сакала да остане анонимна.
Парот има една ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.