| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид почна циклусот „Денови на документарен филм“

Во центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, почна циклусот „Денови на македонскиот документарен филм“ во организација на Филмскиот фонд на Република Македонија. Љубителите на документарниот филм ќе може да ги погледнат: “Шарски зраци“ режија Арбен Тачи/ продукција АРБ Филм / времетраење 48 мин. / година на објавување 2011, “Чедо“ режија Аљоша Симјановски / продукција Магично око / времетраење 45 мин. / година на објавување 2009, “Корен“ режија Ацо Ристовски /продукција Елвен Филм / времетраење 34 минути, “Нашите во Стамбол“ режија Елизабета Конеска / продукција МЦФ /времетраење 30 мин. / година на објавување 2011,
“Далеку од дома“ режија Чедо Поповски / продукција Блу Танг/ времетраење 45 мин. / година на објавување 2009 и
“Луѓе без земја“ режија Марко Ѓоковиќ / продукција Њу Момент / времетраење 66 мин./ година на објавување 2012 година.

Филмовите ќе се прикажуваат во Летната кино бавча, со почеток во 20.30 часот. Влезот е слободен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top