Француските еврејски семејства се принудени да си заминат од своите домови во предградијата на Париз, а Европа и понатаму ја тресат големи бранови на антисемитизам, каков што досега немаме видено од крајот на Втората светска војна.
Парискиот приградски весник „20 минути“ го документирал внатрешниот егзодус на Евреите во периодот во 2017 година од париската општина Сен-Сан Денис поради големата загриженост дека француските Евреи, како и нивните браќа и сестри во дел од Европа, сѐ потешко ја приспособуваат својата вера со промената на демографијата на континентот.
Во вестите се наведува дека Евреите ги напуштиле своите домови на североисточниот крај на Париз бегајќи од отвореното непријателство што францускиот премиер Едуард Филип во неделата го осуди како добро вкоренето.
Весниците пишуваат: „Овој внатрешен егзодус е тешко да се квантификува, но јасно е дека многумина синагоги на подрачјето на општината Сен-Сан Денис се затворени поради недостатокот на луѓе. Во делот на општината со име Пиерефите рабин забележал 50-процентен пад во црквите од нивното доаѓање пред тринаесет години.
Слични приказни се повторуваат и во соседен Бонди, каде што славењето на Јом Кипур (најсветиот ден од еврејскиот календар) паднал од 800 на 400 луѓе во последната деценија.
Претседателот на синагогата во Бонди смета дека за тоа во изминатите 15 години одговорна е влошената клима што создава чувство на егзодус.
„Тешко е да се објасни, тоа е провокација и така изгледа“, издишал тој.
„Постојат места каде што не се чувствувате добредојдени“.
Неговите набљудувања се слични на оние пред 12 месеци во најблискиот град Ранси, каде што локалниот рабин Моше Левин изјавил дека се плаши оти би можел да биде еден од последните еврејски лидери во општината Сен-Сан Денис.
„Она што загрижува е што Евреите во некои подрачја на Франција повеќе не може да живеат во мир и кога се само на пет минути од својот дом, а некои се принудени да ги скријат своите капи или Давидовите ѕвезди“, изјави тој.
Чувството дека не се чувствуваат добредојдени не е ништо ново за француските Евреи. Во 2015 година новинарот Звика Клеин ја снимил реакцијата на неговото преминување во Евреи и така додека се движел на улиците во Париз ја носел традиционалната капа. Погледнете ги резултатите во продолжение:
Клеин подоцна укажал на иронијата дека Париз денеска е град каде што арапските мажи ги носат марамите преку глава, а прекриените жени говорат на арапски на секој агол на улицата и каде што војниците одат во секоја улица во која има еврејски институции.
Сами Гозлан, претседателот на еврејската комунална безбедносна организација BNCVA, изјави за весникот „20 минути“ дека е важно да не се потценува антисемитизмот, кој го доживуваме на дневна база.
Како што извести порталот „Бреитбарт“, искуството на Евреите во Париз е слично како и во остатокот од земјата. Сѐ повеќе и повеќе се чувствуваат несигурно и немаат друг избор, освен да се преселат во Израел поради недостиг на безбедноста.
Тие го продолжуваат трендот со кој се соочуваат десетици илјади Евреи, кои си заминале од Франција во последните десетина години.
Повеќе од 5.000 Евреи се отселија во 2016 година, 7.900 се отселија во 2015 година и 7.231 се отселија во 2014 година. Според податоците што ги наведува АФП, 40.000 француски Евреи емигрирале од 2006 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.