Утре Перо Антиќ се враќа во Истанбул, во местото каде мина две одлични години со тоа што сега ќе го брани дресот на Црвена Звезда против довчерашните колеги од Фенербахче.
Оваа средба од Евролигата започнува од 18:45 часот, а истата имаше интересна најава токму благодарение на нашиот Антиќ. Македонскиот центар се вмеша во твитот на Луиџи Датоме наменет за капитенот на тимот Мелих Махмутолгу.
– Секогаш е убаво чувство да го плеснам Махмутоглу. Те сакам наш капитену, -напиша Италијанецот објавувајќи видео од средбата со Тофаш.
Тука се јави Перо кој порача:
– Повторно ти!!! Утре ќе те удрам и избричам. Остави го брат ми Махмутоглу на мира, – порача членот на Црвена Звезда кој е добар пријател со Луиџи, па сите добро се сеќаваат каок нашиот ас го потстрижи колегата по освојувањето на Евролигата.
– Многу сум возбуден поради враќањето во Улкер Арена! Се гледаме во вторник, -истакна во друг твит едниствениот Македонец кој заиграл во НБА лигата.
It’s always a good feeling… to slap @melihmahmutoglu !😂
Love you captain❤️!#serinascorinascogigione… https://t.co/NNPOrRCP8N— Gigi Datome (@GigiDatome) December 17, 2017
It’s always a good feeling… to slap @melihmahmutoglu !😂
Love you captain❤️!#serinascorinascogigione… https://t.co/NNPOrRCP8N— Gigi Datome (@GigiDatome) December 17, 2017
Very excited to be back in Ulker Arena!!! See u all on Tuesday!! https://t.co/Ww4sinUiCg
— Pero Antic (@antic12pero) December 18, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)