| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за смртта на канадските милијардери: Телата им биле пронајдени обесени покрај базен

Телата на канадскиот милијардер Бери Шерман, основач на компанијата „Апотекс” и неговатасопруга Хани, биле пронајдени во нивната раскошна вила, а полицијата се сомнева дека фармацевтскиот магнат ја убил сопругата пред да се самоубие.
Агентот за недвижнини, кој носел заинтересирани купувачи да ја разгледаат куќата, ги нашол обесени на гелендер покрај базенот во подрумот на куќата.
Полицијата соопштила дека околностите под кои се случила смртта се сомнителни, но дека нема докази оти некој се обидел да влезе во куќата.
Извори блиски на истрагата изјавиле дека постојат сомнежи дека Шерман ја убил Хани, а потоа изршил самоубиство. Тие веруваат дека Хани била убиена на друго место на имотот, а потоа нејзиното тело било донесено на местото каде што биле пронајдени.

Нивните деца ги отфрлаат шпекулациите за убиство и самоубиство.

– Шокирани сме од таа теорија, во која не веруваат ни пријателите, ни колегите – изјавиле тие додавајќи дека нивните родители го сакале животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top