-Сушнав четири истрели, а потоа видов жена како плаче и вика: Помош!
Вака сведоците ја прераскажуваат драмата која во 8.20 часот изутринава се случила на улицата Јуриј Гагарин на Нов Белград, кога Душко Р.(37) со неколку куршуми ја ранил сопругата Тамара Р.(37).
Како што се дознава, Душко и Тамара се наоѓале во автомобил и најверојатно се карале кога тој нагло закочил, излегол од автомобилот, пришол на совозачкото место, ја отворил вратата и почнал да пука во жена му.
Како што кажуваат сведоците, тој во неа испукал три куршуми, а потоа се свртел и си пукал во главата.
Двајцата се наоѓаат во болница, состојбата на Тамара се стабилна, додека Душко се наоѓа на реанимација.
Како што се дознава Тамара била директорка на предшколска установа, а крававиот пир се случил во нејзиниот службен автомобил.
Во ова семејство досега немало пријава за насилство, а пиштолот од кој е пукано, Душко го поседувал илегално.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.