| четврток, 6 декември 2018 |

Бекот на Вардар стапна на лудиот камен: Вуко Борозан се ожени со убавата Ива

Еден од најдобрите ракометари на Вардар и црногорски репрезентативец, Вуко Борозан викендов се венчал со својата избраничка Ива. Тој пред да почне со подготовките со Црна Гора за Европското првенство, одлучил да стави крај на ергенството, а убавата вест и фотографија од венчавката ја споделил на социјалните мрежи.

Борозан ја направи свадбата веднаш по завршувањето на клупските обврски, односно пред почетокот на подготовките за Европското првенство, каде во дресот на Црна Гора ќе и биде противник на Македонија уште во групната фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top