На улицата Јуриј Гагарин и Душан Вуксановиќ во Нов Белград, утринава околу 8.20 имало пукање, кога Д.Р.(37) пукал во жена му Т.Р.(37), па во себе си.
Нивните фотографии на социјалните мрежи не укажувале дека меѓу нив постојат проблеми. Делувале како среќни родители на малата Исидора. Сепак утринската кавга која избила во автомобилот, завршила кобно.
Мажот после кавгата во автомобилот, го запрел возилото на сред улица, ја отворил совозачката врата, испукал неколку куршуми во стомакот на жена му, а потоа излегол и си пукал во главата.
Полицијата го блокирала овој дел на градот. Брзата помош веднаш реагирала, но состојбата на повредените се уште не е позната. Според непотврдените информации, мажот е превезен на реанимација во Ургентниот центар и е во критична состојба, додека жената е на одделение во болницата на Бежаниска коса и наводно состојбата и е стабилна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.