Ритмичкото темпо на плетење си ја врши својата работа, а за време на оваа интересна работа личноста како да паѓа во транс. Рацете се зафатени, главата е ослободена од непотребни мисли, а свеста е во стабилната состојба на рамнотежа.
Плетењето е контемплативна пракса на медитација и концентрација. хоби што ги собира милиони жени ширум светот. Неврологијата го призна плетењето за нова јога, ете толку е силно влијанието на оваа работа за љубителите.
Придобивки од плетењето:
Ја подобрува менталната состојба. Ги решава проблемите со менталното здравје, а се зголемуваат вашите духовни ресурси.
Вниманието и концентрација ќе станат ваш постојан придружник.
Развој на фината моторика, а новостекнатите способности ќе ви овозможат да работите домашна работа, за која претходно немавте волја.
Креативноста ќе се развива и ќе ве радуваат неочекуваните настани.
Само-проценката ќе постигне ново ниво-чувство на гордост за добро завршена работа и сигурност во својата сила, а освен тоа ќе имате поголема самодоверба.
Едноставен начин да се развие трпение и упорност. Ништо нема да ве исфрли од рамнотежа.
Меморијата ќе се подобри, а вашиот мозок ќе работи многу побрзо.
Овие предности што ги дава плетењето не може да се споредат со ништо што го пружаат другите хобија. Многу научници веруваат дека плетењето им помага на жените во староста да останат смирени и да продолжат со животот. Депресијата и анкциозноста може да се победат со помош на плетењето, а во тешки времиња ова хоби ќе стане спас од разни грижи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.