| четврток, 6 декември 2018 |

Алијансата на Албанците се осипува: Партијата на Села остана со двајца пратеници

Алијансата за Албанците наместо со тројца, останала со двајца пратеници во Парламентот, откако еден пратеник преминал во ДУИ. Ова го соопштил лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на средба со албанските печалбари во САД .

– Никогаш не направив коалиција со ДУИ, но проблемот беше дека не можеше да се формира парламентарно мнозинство без нас. Ние имавме тројца пратеници, сега имаме двајца, бидејќи едниот отиде во ДУИ – изјавил Села.

Алијансата за Албанците имаше три пратеници, Зијадин Села, Сурија Рушити и Весел Мемеди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top