| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовен хороскоп за крај на 2017 година: Кого ќе бакнете на полноќ

Љубовниот хороскоп за втората половина од декември 2017 година открива дали оваа година ќе ја завршите во одличен стил или пак повеќе среќа во емоционалните односи ќе ви донесе наредната година.

Овен

Станувате помалку и помалку задоволни од ситуацијата. Сакате да се подобри што е можно порано, но тоа не оди преку ноќ. Некои ќе го прифатат фактот дека треба да започнат од нула, други се уште ќе бидат нервозни, а трети ќе бидат рамнодушни.

Бик

Ако ги гледате вашите емотивни односи како еден вид тортура, ќе бидете такви. Обидете се да ги прифатите критиките со хумор. Ќе ви помогне ако излезете и се забавувате. Обидете се да се опуштите и да се забавувате.

Близнаци

Вие ќе посакате нешто ново а вашиот партнер повеќе е за сигурната опција. Попаметните помеѓу вас ќе ја прифатат веќе постоечката ситуација како минлива и привремено ќе ги намалат љубовните очекувања.

Рак

Со својата сентименталност ке ја изненадите саканата личност. Таа во овој случај ќе биде во улога на заштитник. Се уште не сте се оладиле од минатото а веќе имате нова љубовна прилика. Бидете смирени.

Лав

Дури и ако сте сами би можеле одлично да се забавувате. Ги имате сите адути во своите раце. Потребно е само да разговарате за се што ви лежи на душата. Со малку искреност и вие ќе бидте среќни.

Девица

Потребата за да споделите се што ви се случило ќе биде силна, но партнерот ќе биде резервиран кон вас. Сами одредете до каде може да одите. Оние кои се уште ја бараат сродната душа ќе бидат оригинални во удварањето.

Вага

Ништо ново не се случува на љубовен план. Иако на интерсен начин ќе успеете да ги изразите своите чувства крајниот резултат сепак нема емотивно да ве исполни.

Шкорпија

Она што моментално ви фали во приватниот живот ќе успеете да го надоместите со својата фантазија. Ако излезете да се забавувате ќе наидете на низа прилики за нови познанства. Добра забава.

Стрелец

Обидете се на саканата личност да и пружите што повече внимание и нежност. Со својата доминација, фантазија или интуиција би можеле да импресионирате многу околу вас.

Јарец

Едно обично дружење во кафуле би можело да се претвори во нешто повеќе. Ќе бидете пријатно изненадени од оваа можност. Во потполност ќе го покажете она што го чувствувате. Важно е само да не зборувате премногу.

Водолија

Очигледно е се поголемо зближување со спротивниот пол, а посебно се некој кој е од вашиот крај. Ќе се покажете како духовита и забавна личност. Истовремено ќе ви се засилува потребата за интимност.

Риби

Ќе бидете во потполност посветени на саканат личност. Самците ќе бидат среќни во друштво ако не зборуваат премногу, бидејќи можат да бидат погрешно сфатени. Бидете трпеливи. Одете чекор по чекор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top