Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во своето вчерашно гостување на телевизија Алсат, во емисијата „Патот кон“ потенцираше дека МВР и правосудните органи при апсењето на пратениците кои се гонат за настаните од 27 април го прекршиле Уставот на Република Македонија, кој го гарантира правото на имунитет на пратеникот и не со обратиле до Собранието пред апсењето на пратеникот, што е впрочем и нивна законска должност. Џафери објаснува дека се прекршени сите процедури при апсењето од страна на властите и дека самата постапка за лишување од слобода со прекршување на процедурите е непотребна зошто пратениците 8 месеци си доаѓале на работа и биле слободни, со што дефакто биле на достап на органите на прогонот.
„Мерката притвор не може да се одреди на пратеник или носител на имунитет, ако не е фатен при вршење на кривично дело за кое е предвидено над 5 години можна минимална казна затвор. И ова се прашања кои ги санкционира Уставот.“ Вели Џафери.
Според Џафери судијата на претходна постапка има законско овластување во кривичната постапка да нареди носење или донесување на лицето пред соодветен орган. За обврската на судијата на претходна постапка при апсење и лишување од слобода на лице со имунитет, Џафери дополни:
– Ако има сознание дека е вмешано лицето во правно кривично дело и ако има сознание дека е носител на имунитет, тогаш соодветниот орган треба да се обрати на Собранието, односно на Претседателот на Собранието, а ако се исполнети условите за дебата за прашањето на одземање на имунитет, таа процедура да се направи пред да се делува од страна на соодветниот орган.
Џафери дополнително зборуваше за непочитување на презумпцијата на невиност, која е основно човеково право загарантирано со Уставот, а која не е докрај почитувана во овој случај.
„Презумпцијата на невиност треба да се почитува до крај. Тоа подразбира почитување на опишаните и предвидените процедури, предвидени со соодветни процедури и акти. Во овој правец ова беше причината зошто од самиот почеток ја имав мојата дилема, зошто не може да се направи една постапка која е во судир со процедурите, а потоа проформата да се покрие со последователни одлуки да речеме, во овој случај на Собранието.“
Џафери вели дека презумпцијата на невиност важи до моментот кога во судска постапка со пресуда не се утврди спротивното.
Следствено Џафери не гледа никаква причина зошто било потребно да се прекршат процедурите, според него пратениците доаѓале на работа секој ден и биле слободни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)