Она на што се предупредува периодов е правилно ракување со грејните тела кои се користат во зимските месеци. Тие се едни од најчестите предизвикувачи на пожари, па затоа потребо е да се биде особено внимателен со нив.
Електричните греалки се втор најчест предизвикувач на пожари, а ретко во кое домаќинство не се користат, дали како основен или како помошен извор на топлина.
Стручњаците препорачуваат тие никако да не се вклучуваат во продолжен кабел, бидејќи така ризикот од избивање на пожар се зголемува, пишува магазинот за домакинство Тип херо. Како што се напоменува, тие никкао не треба да се оставаат вклучени доколку не сте во домот, не треба ниту да се спие во вклучена греалка, а таа треба да биде најмалку еден метар оддалечена од било кое парче мебел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.