Вчера во 21.00 часот во полициската станица во Битола З.В. пријавил дека во стан на улица „Васко Карангелевски“ бил пронајден починат С.К. (68) .
Починатиот живеел сам и боледувал од карцином на грлото. Бил пронајден во дневната соба со греалка која била над него и од која имал изгореници.
Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид извршила екипа од СВР Битола, а јавен обвинител не наредил обдукција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.