| четврток, 6 декември 2018 |

Кираџии се затруле од чад, станот целосно изгорел од греалка

Утрово околу 05.30 часот во Скопје во стан на бул. „Кочо Рацин“, во кој како потстанари живееле М.А. (24) и Н.Т., избувнал пожар, најверојатно од грејно тело-греалка, при што станот целосно изгорел.

Пожарот е локализаран од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. М.А. и Н.Т биле пренесени во Ургентен центар Скопје поради труење со чад.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top