Ќе се слави ли заеднички стогодишниот јубилеј од настапот на Димитар Благоев во бугарското Народно собрание, кога ја зовре атмосферата со изјаснувањето дека не е Бугарин, туку Македонец? „Јас сум родум од Загоричане (Егејска Македонија), но, меѓу другото, јас не сум Бугарин, јас сум Македонец, македонски Словен! …И како таков, ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како словенска земја, која ќе има сопствена управа“.
Димитар Благоев-Дедото (1856-1924) е основач на Бугарска работничка социјалдемократска партија (БРСДП), од која неговите приврзаници ќе се отцепат во 1903 година и ќе ја формираат БРСДП (тесни социјалисти), а во текот на Прва светска војна партијата ќе ја напушти Втората интернационала, за во 1919 година да се преименува во Бугарска комунистичка партија (тесни социјалисти).
Неговото име е овековечено во името на градот Благоевград, преименуван од Горна Џумаја во 1950 година. „Ако сте убедени дека во Добруџа живеат Бугари, дека во Моравско, дека во Македонија живеат Бугари, дека во Сер, Драма и Кавал се Бугари, зошто тогаш се плашите од руската формула за мир (без анексии, без отштета и со право на народите на самоопределување). Ако сте убедени дека некаде има Бугари, зошто се плашите да се направи референдум и да видиме што ќе кажат? Зошто викате? Значи, не сте сигурни, значи има нешто што ве тревожи, има некои области завладеани од вас, кои ако се подложат на референдум…“ „Која историја? Таа ли што вие ја фалсификувате? Таква историја ние не ви признаваме. Ние гледаме какви се делата“. Во друга пригода тој ќе рече „роден сум во фамозното македонско село Загоричани, Костурско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.