| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалер почина на терен во БиХ

22 годишен фудбалер од Босна и Херцеговина вчера почина на терен за време на фудбалски натпревар.

Фудбалерот на Борац од Шамац, Стојан Томиќ се струполил на теренот во 71 минута од натпреварот против екипата на Текстилец што се играл во Дервенти.

Лекарската екипа на теренот веднаш реагирала и го пренела момчето во Здравствениот дом во Дервенти, но за жал лекарите само констатирале смрт која настапила од мозочен удар. Натпреварот меѓу Текстилец и Борац бил бараж за влез во првата лига на Република Српска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top