Економскиот аналитичар, Фатмир Битиќи, синоќа гостуваше во емисијата “Економски Магазин“ (Magazina Ekonomike) на Алсат-М телевизија, каде што се дебатираше за буџетот за 2018 година, меѓу другото беше запрашан дали во буџетот препознава тенденција, намера, пари, средства, или пак програма за реална поддршка на стопанството за практично да му се даде еден добар поттик за да земе залет, тој одговара дека иако неговите очекувања беа можеби и поразлични, тој во проектираниот буџет за наредната година не гледа некакви мерки за државна интервенција во стопанството.
Искрено не можам да видам. Моите очекувања и можеби беа поразлични, но не можам да видам. Затоа што на пример јас искрено не можам да се сложам дека државна интервенција за поддршка на стопанството може да се направи со 30 милиони евра, затоа што ние годинава имаме според вадата па и реално историски најголем биџет на Македонија, 3.5 милиарди. Од 3.5 милиарди, 30 милиони да се одвојат за поддршка на стопанството, сметам дека е смешка, како што е смешка на пример зголемувањето на акцизата и придобивката која што буџетот ќе ја има 30 милиони евра. Тоа не е ништо, рече економскиот аналитичар, Фатмир Битиќи, во синоќешната емисија на Алсат – М телевизија.
Битиќи, констатираше дека ние се наоѓаме во ситуација кога имаме нови 670 милиони евра задолжување и скоро 370 милиони евра дефицит, а за тоа никој не сака да зборува, но зборуваме за поддршка на стопанството од 30 милиони евра, која воопшто не е сериозна поддршка за да донесе ефект на среден и на долг рок.
Во суштина никој не зака да зборува за дефицитот и задолжувањето од 670 милиони евра. 670 милиона задолжување, скоро 370 милиони е дефицитот за 2018 година, за тоа никој не зборува. Но, зборуваме за 30 милиони поддршка на стопанството. Тоа не е сериозна поддршка за да донесе ефект на среден и на долг рок, потенцираше економскиот аналитичар, Фатмир Битиќи, во синоќешното издание на “Економски Магазин“.
На ова констатација се надоврза и Зоран Витанов, од Асоцијацијата за менаџери на Македонија кој смета дека само трошокот на ова задолжување, при тоа се мисли на најновото задолжување на новава влада, ќе изеде точно од Визбегово до косовска граница автопат. Само годишниот трошок на тој кредит се 10-те километри автопат од Визбегово до косовска граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)